БиоСтрада -Брако 2011-

Соработката помеѓу Брако - Македонија и БиоСтрада - Италија започна во 2011 година.

Опис на дејноста на компанијата БиоСтрада

БиоСтрада е компанија која се занимава со производство на специјални еколошки возила за чистење на улици познати како Road Sweeper.

Новиот модел на Road Sweeper од производната програма на БиоСтрада со ознака TEC 5.2 е исклучително прилагодлив и погоден за употреба во индустриски и урбани средини благодарение на “ four wheel” управувањето. Ова возило е особено погодно за чистење на улици, пазари, фабрики каде нечистотијата и работните услови се особено тешки и каде употребата на вода не е секогаш возможна (на пример: фабрики за цемент, метална индустрија, леарници и слично).

Благодарение на високиот капацитет на возилото кое има можност да исчисти над 70 000 м2 на час обезбедува напредни еколошки преформанси.

Опис на дејноста на Брако за компанијата Биострада

Брако како металопреработнувачка комапнија во соработка со команијата БиоСтрада го изведува производство на сите метални компоненти кои се користат во градбата на возилата на БиоСтрада.

Компонентите кои се изработуваат во производните капацитети на Брако наменети за БиоСтрада се поделени во следниве групи:

  • Носечка шасија на возилото. Овие шасии се изработуваат од ладно обликувани челични профили помеѓусебно заварени. Целата шасија е прилагодена за поврзување и поставување на сите останати компоненти од возилото.Заштитата од козорија се изведува со пескарење и нанесување на повеке слоеви на заштитни премази кои обезбедуваа заштита од повеке од 20 години.
  • Транспортен систем за пренос на отпадот. Овие елементи се изработуваа од челични лимови посебно обликувани за да ја задоволат фунцијата и се заштитени со заштитни премази кои овозможуваат заштита од 20 години и повеќе.
  • Контејнер за складирање на отпадот. Овој производ се изработува од инокс материјал и е прилагоден да може во него да се складира 5,5 м3 отпад.Овој производ се фарба со високо сјајни премази како би се постигнал одличен визуелен ефект.• Резервоари за течности. Во оваа група припаѓаат: резервоар за вода со капацитет од 500 литри,целосно произведен од инокс материјал, резервоар на хидрулична течност, резервоар за гориво, резервоар за разладна течност.
  • Метални каросериски делови. Во оваа група припаѓаат компоненти како:  рамки за врати и врати, скали за качување во кабина, предни и задни браници, заштитни капаци,бампери и слично.
  • Метални поврзувачки делови. Оваа група ги опфаќа деловите кои се изработуваат со машинска обработка. Во оваа група се опфатени делови од типот на осовини, ракавци, чаури, ременици, поврзувачки фланши, специјални наменски завртки, затегнувачи и слично. Овие делови се заштитени од корозија со ладно поцинковање.
  • Метални механички делови. Во оваа група се вкучени делови од типот на водилки на осовини, држачи за мотор, држачи за ладилници на мотор, држачи за издувен систем, цевки за проток на воздух и слично.

НАЈДЕТЕ НЕ НА КАРТАТА

ДПТУ БРАКО ДОО - Раштански Пат бр.2, Велес
тел.: 043212560, факс: 043232534
office@brako.com.mk