„БРАКО“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Педесет нови вработувања, нова хала и опрема во вредност од 4,2 милиони евра е последната инвестиција на велешката компанија „Брако“ на  бизнисменот Кочо Анѓушев.

Во текот на следните девет месеци ќе биде реализирана новата инвестициска програма на домашната компапнија „Брако“, со која е предвидена изградба на хала од 5100 метри квадратни и набавка на модерни CNC машини и ласери од метало-преработувачката индустрија.

„Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година започнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и заврзано ги освојуваме странските пазари. Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанијата како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, изјави Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори.


Со новата инвестиција се очекува велешки „Брако“ да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на стандардите на европските пазари.


Компанијата која е специјализирана за производство на жичани и лимено- цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, во моментов има 450 вработени во Велес и 80 во Панчево. 96% од производството го извезува во 19 различни земји, а во последните девет месеци има зголемен промет за 13%.




НАЈДЕТЕ НЕ НА КАРТАТА

ДПТУ БРАКО ДОО - Раштански Пат бр.2, Велес
тел.: 043212560, факс: 043232534
office@brako.com.mk