Корпи за багери

Долгогодишото искуство во металопреработувачката индустрија кое БРАКО го има зад себе, во средината на 2009 година беше проширено и во областа на дизајнирање и изработка на корпи за ровокопачи (Excavator buckets), со цел да се понуди изработка на овој тип на производи на веќе афирмирани европски компании од оваа област, како нивни добавувачи.

Кон крајот на 2009 година БРАКО потпиша договор со Австриска компанија за дизајнирање и изработка на корпи за ровокопачи согласно нивни нацрти и спецификации. Притоа беа развиени повеќе различни класи на корпи, во повеќе димензии (волуменски капацитети) за различни класи на машини (Excavators) 1,5 до 30 тона.

Корпите се изработени од најквалитетни материјали, отпорни на абење како што е HARDOX400 и HARDOX450.

Адаптер плочите кои претставуваат елемент за поврзување на корпата со машината се изработуваат зависно од типот на машина за која корпата ќе биде наменета, согласно барање, нацрт или спецификација на нарачателот.

BРАКО ТРАНС како дел од БРАКО групацијата им нуди транспортни услуги на своите клиенти до нивните простории како најпрактично решение производите кои ние ги произведуваме за нив најбезбедно да пристигнат на саканата локација, по најприфатливи цени.

НАЈДЕТЕ НЕ НА КАРТАТА

ДПТУ БРАКО ДОО - Раштански Пат бр.2, Велес
тел.: 043212560, факс: 043232534
office@brako.com.mk