СПС

СПС е компанија која се занимава со производство на аеродромски приколки и аеродромска опрема. Брако го произведува металниот дел кој најчесто се челици со квалитет S235/S355 и досега има произведено разни видови на приколки за багаж и за контејнери.

Приколките за багаж се составени од заварени склопови кои се: шасија, носач на предна осовина, задна кука, носач на руда, предна и задна страница за затегање на церадата. Исто има и независни делови кои служат за монтажата на целата приколка. Деловите за овие приколки се заштитени од корозија со топло цинковање. Носивоста на овие приколки во зависност од моделот е од 1000 kg до 1500 kg максимум.

Приколките за контејнери се составени од заварени склопови кои се: шасија, носач на предна осовина, носач на руда, маса за контејнери. Исто има и независни делови кои служат за разните видови на механизми со кои се прицврстуваат контејнерите. Деловите за овие приколки се заштитени од корозија со топло цинковање. Носивоста на овие приколки во зависност од моделот е од 2450 kg до 6800 kg максимум.

Сл.1: Приколка за багаж

Сл.2: Приколка за багаж

  

Сл.3: Приколка за багаж

  

Сл.4: Приколка за аеродромски контејнери

 

Сл.5: Приколка за аеродромски контејнери

НАЈДЕТЕ НЕ НА КАРТАТА

ДПТУ БРАКО ДОО - Раштански Пат бр.2, Велес
тел.: 043212560, факс: 043232534
office@brako.com.mk