Проект БиоСтрада

Во рамките на фирмата БРАКО се произведуваат металните делови од специјално возило за одржување на чистотата и собирање на сметот од јавни површини. 
Овие делови се изработуваат за потребите на италијанската фирма БиоСтрада.  Соработката со фирмата БиоСтрада започна во текот на 2011 година. Токму во 2011 година се изврши успешно производство на прототиповите, додека во текот на 2012 година производството беше целосно усогласено и  беа испорачани делови за целосно комплетирање на 30 возила. Во текот на 2013 е задржано истата динамика на производство, односно   делови за 3 комплет возила во месецот.

Конструкцијата на готово возило со сите негови составни елементи е даден на сликата подолу.


Под метални делови кои се произведуваат во фирмата БРАКО се подразбираат сите оние делови кај кои како суровински материјал се јавува лим , челични профили и шипкаст челик. 

Во овој контекст може да се издвојат и петте најгабаритни делови од кои е составено е возилото:

  • носечката конструкција – шасија, основата на која се поставуваат сите други компоненти, има тежина од 989кг и габаритни димензии  должина 5000мм и ширина од 1930мм.  
  • транспортер за подигнување и пренос на сметот од подлогата
  • контејнер со волумен 5,5м3 за складирање на собраниот смет, изработен од нерѓосувачки челик AISI 304
  • механизам за кревање на контејнерот и одлагање на сметот, изработен од специјален материјал со гарантирани механички и хемиски својства Weldox 700.
  • Резервоар за вода со капацитет од 560л изработен целосно од нерѓосувачки челик AISI 304.

Покрај овие основни делови, исто така во БРАКО се произведуваат и сите други придружни елементи:

  • Резервоар за хидраулично масло ( 300л ) , резервоар за гориво ( 110л ) и резервоар за разладна течност
  • Скали за пристапување кон кабината, преден и заден браник, странични капаци, странични врати и задна врата, рамки за вратите
  • Метални држачи за резервоарите, за моторот, за топлино-изменувачите, за издувниот систем, водилки за осовините итн.
  • Машински делови – осовини, ракавци, чаури, ременици, сврзни фланши