ГРИН МАШИНС – БРАКО   2016 - 

Соработката помеѓу Брако – Македонија и Грин Машинс (Green Machines International GmbH  Австрија започна во 2016 година

Опис на дејноста на компанијата Грин Машинс

Грин Машинс ( Green Machines ) е една од најпознатите светски производители на “ мали “ компактни машини за метење ( чистење ), со традиција од 1965 година .

Машините се специјализирани за метење на надворешни површини во кругот на пешачки зони, плочници, улици, трговски центри како и останати тешко достапни места за поголеми стандардни улични метачи, познати како Air Sweeper.Познати по својата долговечност и референци на светско ниво, Грин Машинс ( Green Machines )се сигурно исплатлива долгорочна инвестиција.

До декември 2016 година производството на машините беше во Шкотска, а од Јануари 2017 година се префрлува во Велес.