МИГ МАГ маг жица за заварување

Enter description...

Најновиот производ на БРАКО е жицата за електролачно заварување во заштитна атмосфера од инертен гас – МИГ постапка, како и заварување во заштитна атмосфера од активен гас – МАГ постапка. Жицата служи како додатен материјал при спојување на конструктивни челици за разни метални конструкции, машини, садови под притисок и др. Погодна е за сите позиции на заварување. Расположиви димензии Ø 1,2 мм; Ø 1,0 мм и Ø 0,8 мм.

Се произведува согласно следниве стандарди:

  • EN ISO 14341 : G3Si1 
  • DIN 8559 : SG2 
  • AWS A5.1B : ER70S-6

Во понуда е само бакарисана жица во прецизно намотување на пластични макари од 15 кг и слободно намотување на пластични макари од 5 кг, заштитени со вакумирана термо-фолија и дополнителна заштита од влага со силика гел, спакувана во картонска кутија.

Хемиски состав

C Mn Si S P Ni Cu Al
0.06% 1.42% 0.834% 0,008% 0.010% 0.01% 0.03% 0.004%

Механички својства

ReH Rm A5 TEMP. KV J
520N/mm 2 590N/mm 2 27% -30o C 120 J