Транспортен систем за млекара Битола

Транспортерот – БРАКО, е посебно развиен согласно условите и потребите на ИМБ-Битола. Овој транспортер е  целосно моторизиран и е наменет за транспорт на картонски пакетчиња млеко кои се со димензии: 370 мм (должина), 200 мм (ширина), 210 мм (висина) и тоа од постоечката пакерка до постоечкиот палетизер. При што пакетчето се транспортира по должина-нормално на правецот на осовината на транспоретрот.  Вкупната должина на транспоретрот изнесува 32 метри. Согласно побарувањата на ИМБ-Битола односно според динамиката на хранење на траспортерот со пакетчиња од постоечката пакерка, линиската брзина на траспортерот изнесува 16,4 м/мин.     На сликата подолу е прикажан целиот транспортер поставен според условите во ИМБ – Битола.

 

Поради големата должина на траспортерот, тој е изработен од повеке сегменти:

  • Сегмент 1 – Преставува почетокот на транспортерот, односно влезот на пакетчињата од пакерката на транспортерот. Со сегментот 1 од транспортерот се врши подигање на пакетчињата до висина од 3 метри мерено од плото на објектот.
  • Сегмент 2 -  Преставува линиски транспортер кој е продолжение на сегментот 1.
  • Сегмент 3 – Преставува линиски транспортер кој е продолжение на сегментот 2.
  • Сегмент 4 – Овој сегмент преставува криволиниски транспортер односно кривина под 90 степени и е продолжение на сегментот 3.
  • Сегмент 5 – Преставува линиски транспортер кои е продолжение на сегментот 4.
  • Сегмент 6 - Овој сегмент преставува криволиниски транспортер односно кривина под 90 степени и е продолжение на сегментот 5, а воедно е и завршеток на транспоретрот.