Транспортни системи за тутунска индрустрија

БРАКО во рамките на своето работење има долгогодишно искуство во проектирање и изработка транспортни системи. БРАКО е секогаш спремен на своите клиенти да им понуди анализа на нивните барања за изработка на разни транспортни системи, снимање на актуелната ситуација на терен, изработка на проект и негова реализација до пуштање во употреба, како и сервис и подршка.

Зад името на БРАКО стои проектирање, изведба и монтажа на голем број единечни транспортери, како и системи од повеќе меѓусебно поврзани транспортни единици.
Како главен клиент за кои БРАКО има реализирано најголем број проекти за изработка на транспортни системи е Империал Тобако ТКС АД Скопје.
Типот и димензиите се дефинирани од конкретните барања на клиентите и од актуелната состојба на терен.

Најчесто изработувани типови на транспортери се:

  • Лински транспортни ленти погонувани со YOKI мотори, HABASIT гумени траки и прохромски корита (пред се во прехрамбена индустрија)
  • Вибрациони транспортери