Жичен контејнер за одлагање на пластичен отпад

Enter description...

Жичаниот контејнер може да се користи за одлагање на најразличен пластичен отпад, пред се за одлагање на пластични шишиња.
Се состои од надворешна жичена конструкција и дополнителен внатрешен жичен контејнер изработени од армирано бигована мрежа.Има странична врата со механизам за заклучување и катанец со клучеви, и служи за лесно вадење и празнење на внатрешниот контејнер.
На горниот дел од жичаниот контејнер има кружен отвор за вметнување на пластичниот отпад, а на предната страна од контејнерот има метална плочка за лого.
И внатрешниот и надворешниот контејнер се електростатски обоени во сина боја.

Основни технички податоци:
Надворешен контејнер
должина: 1500 mm
висина: 1300 mm
ширина: 1000 mm
макс. димензија на отвор: 50 mm x 50 mm
мин. дебелина на жица: 4 mm
метална рамка: 50 mm x 5 mm
Внатрешен контејнер
должина: 1380 mm
висина: 1125 mm
ширина: 930 mm
макс. димензија на отвор: 30 mm x 30 mm
мин. дебелина на жица: 3 mm
метална рамка: 25 mm x 2,5 mm
 
кружен отвор: 150 mm - 200 mm
метална плочка: 350 mm x 450 mm