Американската филијала на „Грин машинс“ од Велес – на саемска конференција во Шарлот, САД

Минатата недела американската филијала на „Грин машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини. „Грин машинс“ беше застапена преку спонзорирање на настан во рамките на […]

„Грин Машинс“ возилата од Велес до Пацифик

Општо познато е дека квалитетот создава доверба. Пример за тоа е дека по неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес. Револуционерниот GM1ze, GM414 RS, првиот GM636 петрол и GM400ze RS ќе се грижат за беспрекорна чистота на просторните паркови и […]

„Грин Машинс“ од Велес со испораката во Египет ги отвори вратите на еден нов голем пазар

GM955 и GM414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини. Од техничките спецификации на GM955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. Ова возило работи на механички […]

„Брако“ со годишно производство од 1.700 тона и повеќе од 1.000 различни приклучни елементи за виљушкари

Програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари е еден од бројните успешни проекти низ постоењето на металопреработувачкиот гигант „Брако“ од Велес. Благодарение на професионалниот пристап, уште на самите почетоци, пред речиси 15 години, прецизно се дефинирани и разработени целните производи од оваа програма, за кои „Брако“ во рекордно време започнува со сериско производство и […]

„Брако“ го освојува пазарот во Швајцарија со машините за додавање лим на CNC ласери

Брзиот развој на ласерската технологија и индустриската употреба на CNC машините (Computer Numerical Control) ја зголеми потребата од машини кои го автоматизираат производствениот процес. Речиси и да не постои современ машински парк без машини за додавање лимови на CNC ласери. Станува збор за машини кои го автоматизираат процесот на ласерско сечење на лим. Тие го […]

„Грин машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција

И оваа година, успешен старт на „Грин машинс“ од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини, веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин машинс“. Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин машинс“ преку овие возила ја промовира […]

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис – стратегијата на „Брако“

Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO). „Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и долгорочно ги исполнува […]

„БРАКО“ – ПАРТНЕР ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Компанијата создава кадар за современо машинство

По завршувањето на средното образование се отвора можност овие кадри да бидат вработени и директно вклучени во производствени технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини. „Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за […]

„БРАКО“ ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

  Претставници на „Брако“ во име на здравствената грижа за заедницата, овој пат за најмладите пациенти, донираа медицинска опрема наменета токму за детското одделение при Општата болница во Велес, со цел обезбедување квалитетна и навремена здравствена грижа за децата-пациенти. На главната сестра на детското одделение во велешката болница, Олгица Пепелашева и беа предадени за употреба […]

Што очекувате од 2022 година?

„Со реален оптимизам и верување , очекувам да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот.Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“,„Брако“ и „Грин Машинс“,би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии со што би можеле […]