„Брако“ инвестира во фотоволтаик кој што ќе обезбеди 40 отсто од потребите за струја на фабриката

Фотоволтаикот во „Брако“ ќе обезбеди 40 проценти од електричната енергија што ја троши компанијата и ќе редуцира 2000 тона CO2e на годишно ниво. Во тек е инвестицијата на „Брако“ во изградба на фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија. Во моментов се инсталирани 0,4 MW, а во следните неколку месеци ќе бидат инсталирани уште 0,4 […]

Интервју со Иле Атанасов – Директор на производствена програма во „Брако“, за порталот „Опсервер“

Атанасов: И покрај кризата “БРАКО” продолжува со интензивно производство и вложување во развојните програми. Опсервер: По кризата предизвикана од пандемијата токму во моменти кога се очекуваше економијата полека да заздравува се надоврзаа неповолните импликации по стопанството предизвикана од војната во Украина. Како „Брако“ се справува со новосоздадената криза и колку оваа криза влијае врз деловните […]

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на […]

„Брако“ и „Грин машинс“ во јуни на престижните саеми во Минхен и Диселдорф

„Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ “ во Диселдорф, кој под слоганот „Join the best“ ,ќе се одржи од 20 до 24 јуни оваа година. Свое присуство во Messe Dusseldorf имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор […]

Најудобните душеци за спиење во своето јадро ја имаат специјалната јаглеродна жица произведена во „Брако“од Велес

Популарните бокс – спринг кревети во својата основа имаат жичани јадра кои се произведуваат од специјална жица, која во државава единствено се произведува во „Брако“ од Велес. Се изработува како ладно влечена жица од висококвалитетна суровина со висока и средна содржина на јаглерод. Во процесот на извлекување, жицата е хемиски третирана. Хемискиот состав е според […]

„Брако“ започна со производство на машини за индустријата за обработка на стакло наменети за германскиот пазар

Од неодамна, производствените капацитети на „Брако“ се ангажирани и за производство на машини кои се дел од машинскиот парк за обработка на стакло. Станува збор за компактен дизајн на машина, која што е совршенo самостојна работна позиција за одвојување на претходно софтверски исечено стакло. Овие машини се изработуваат во различни димензии и се наменети за […]

Американската филијала на „Грин машинс“ од Велес – на саемска конференција во Шарлот, САД

Минатата недела американската филијала на „Грин машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини. „Грин машинс“ беше застапена преку спонзорирање на настан во рамките на […]

„Грин Машинс“ возилата од Велес до Пацифик

Општо познато е дека квалитетот создава доверба. Пример за тоа е дека по неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес. Револуционерниот GM1ze, GM414 RS, првиот GM636 петрол и GM400ze RS ќе се грижат за беспрекорна чистота на просторните паркови и […]

„Грин Машинс“ од Велес со испораката во Египет ги отвори вратите на еден нов голем пазар

GM955 и GM414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини. Од техничките спецификации на GM955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. Ова возило работи на механички […]

„Брако“ со годишно производство од 1.700 тона и повеќе од 1.000 различни приклучни елементи за виљушкари

Програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари е еден од бројните успешни проекти низ постоењето на металопреработувачкиот гигант „Брако“ од Велес. Благодарение на професионалниот пристап, уште на самите почетоци, пред речиси 15 години, прецизно се дефинирани и разработени целните производи од оваа програма, за кои „Брако“ во рекордно време започнува со сериско производство и […]