Светски познатиот бренд Грин Машинс е во сопственост на БРАКО од 2019г, откако цела деценија претходно БРАКО самостојно ги произведуваше возилата за тогашниот сопственик. Возилата за одржување хигиена во урбани средини сега се целосно наш производ и се продаваат преку наши сопствени фирми-ќерки отворени во САД, Обединетото Кралство, Холандија и во Германија.
Во 2020 станавме прва компанија во светот која произведе возило за одржување на хигиена на водороден погон и тоа е показател во кој правец ја гледаме енергетската иднина на светот – кон чисти и незагадувачки технологии.
Од моментот на превземање на брендот, формиравме тим од инженери за развој, и до денес се развија 3 нови модели на возила во производната гама. Технолошки напредни возила кои од цртеж до возење – се создаваат искучиво во нашата фабриката само од страна на нејзините вработени.
Машините на електричен погон произведени во Велес, ги чистат Лондон, Париз, Њујорк, Вашингтон, Рим, Амстердам, Копенхаген, Женева, Истанбул, Буенос Аирес, Јоханесбург, Сиднеј и многу други светски центри и метрополи во повеќе од 60 држави низ целиот свет.
Денес БРАКО е современа компанија во металопреработувачката индустрија со повеќе од 600 вработени и производствен капацитет од 40.000 тони челичен материјал годишно.