Кои сме ние
Компанијата БРАКО е лидер во металопреработувачката индустрија во Северна Македонија и во регионот, со најголемо портфолио на производи и најширока дисперзираност на своите програми.
Со над 600 вработени во земјата и во своите фирми во странство (Европа и САД), македонскиот гигант БРАКО произведува висококвалитетни производи во четири фабрики: високотехнолошки возила на електричен и водороден погон за одржување хигиена во урбани средини, тешки метални конструкции и автоматизација, медицинска опрема и мебел, и жичани производи.
Современа автоматизација
Нашите погони се опремени со најсовремена автоматизација на процесот и користат роботи за заварување, CNC машини, плазма сечачи и сите напредни технологии кои даваат додадена вредност на металопреработувачката индустрија.
Со 50 инженери кои креираат нови производи и технологии, БРАКО е посакуван партнер на врвни светски компании. Нашите клиенти добиваат највисок квалитет, навремена испорака, сервис и постпродажба, по цени кои се најповолни на европскиот и светскиот пазар.
Како една од најуспешните македонски компании, БРАКО ги продава своите производи во над 60 земји низ светот, успешно натпреварувајќи се со светската конкуренција.