2 CNC ласери, тип Mitsubishi, на кои се извршува конфекционирање, сечење на лимовите кои се суровина во процесот на производство во сите производни програми. Точноста на сечење на материјалите е 0,1mm и овозможува да влезат во понатамошно производство без дополнителна доработка на пресечените површини. Ласерите се користат за сечење на челични, алуминиумски и иноксни лимови.
2 CNC плазми за конфекционирање на лимови до дебелина од 35 mm. Точноста на сечење е 0,5 mm и служат за подготовка на полупроизводи за понатамошно производство. Една од плазмите има дополнителна глава за отворање на отвори во поголеми цевки. На CNC плазмите може да се постават глави за гасно сечење при што може да се сечат лимови со дебелина до 110 mm.
CNC ласер за тродимензионално сечење на цевки. Точноста на сечење на челични, алуминиумски и иноксни цевки е 0,1mm. Оваа машина овозможува идеално просторно сечење на цевки за производство на цевкасти конструкции во медицинската програма и производството на возила.
Линија за сачмарење за антикорозивна подготовка на лимови, цевки, заварени склопови пред понатамошна обработка или површинска заштита за поголем квалитет.
Денес БРАКО е современа компанија во металопреработувачката индустрија со повеќе од 600 вработени и производствен капацитет од 40.000 тони челичен материјал годишно.