Проф. д-р Кочо Анѓушев е приватен бизнисмен и поранешен вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија, универзитетски професор и филантроп.
Од 2017 до 2020 година ја извршуваше функцијата заменик претседател на Владата, задолжен за економски прашања.
Од 2000 до 2002 г. беше заменик генерален директор за производство во државната компанија за производство на електрична енергија на Македонија (ЕСМ).
Во 2003 година, д-р Анѓушев го основа Феро Инвест, една од најголемите компании во македонското стопанство и водечка во својот сектор.
Од 2004 година, проф. д-р Анѓушев е активен член, а потоа и заменик претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Претседател е на Македонската енергетска асоцијација во рамките на Комората.
Проф.д-р Кочо Анѓушев е редовен професор на Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.