БРАКО може железото и челикот да ги обработи и обликува во зависност од потребите на клиентот, и од нашата фабрика да извадиме целосно функционални и конкурентни производи за пребирливиот светски пазар. Како резултат на инвестирањето во современи машини и во инженерско знаење, БРАКО денес произведува автоматизирани машини за врвни фирми во Швајцарија, Италија и Германија, земјоделска механизација за Австрија, турбини за мали хидроелектрани, базни станици за телекомуникацискиот сектор, опрема за виљушкари, и многу други производи.
Денес БРАКО е современа компанија во металопреработувачката индустрија со повеќе од 600 вработени и производствен капацитет од 40.000 тони челичен материјал годишно.