.

Општините Демир Капија и Неготино значително го подобрија својот капацитет за комунални услуги, со набавка на две модерни, ефикасни и ефективни возила од линијата на Грин машинс, кои целосно се произведуваат во БРАКО.
Набавката на возилата се спроведе преку проект во реализација на Вардарскиот плански регион, преку јавна и тренспарентна постапка во која преку негативно наддавање БРАКО понуди најниска цена и најдобар квалитет за услугите.
Возилата GM 636 се опремени со најсофистицирана електронска опрема, извонредно се ефикасни и издржливи при одржување на хигиена во урбани средини, имат тивок режим на работа и се лесни за управување.
Им посакуваме добредојде на Неготино и Демир Капија во семејството на чисти и еколошки градови кои ги користат еколошките возила на Грин Машинс, и кои се употребуваат во урбани средини во над 60 држави во
Сигурни сме дека граѓаните на овие две општини за брзо ќе ги видат бенефитите од нивната употреба и ќе живеат во уште почисти и поеколошки општини.