Со околу 2.000 тони месечно производство велешки „Брако“ e лидер во регионот во производството на жица и жичани производи. Од почетните 200 тонa во 2003-та година од погоните на „Брако“ денес излегуваат околу 2.000 тона месечно жичани производи. Најголем дел од производството на „Брако“ е за извоз поточно дури 85 отсто од производите се наменети за странскиот пазар, додека само 15 отсто се продажна кон домашни компании.
Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, поцинкована жица, опружна жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.
Својата позиција како лидери во производството на жичани производи во регионот „Брако“ е со план да ја засили преку низа инвестициски активност во технолошки и просторни капацитети. Целта е во наредниот период со ставање во погон и на нови производствени капацитети во „Брако“ да се произведуваат 3.000 тони жичани производи месечно.
Своите производи следната година „Брако ќе ги промовира и на меѓународниот саем за жичани производи кој што од ќе се одржи на почетокот на мај следната година во Дизелдорф, Германија. Под слоганот „Join the best“ „Брако“ ќе има свој штанд и со ова ќе им се придружи на најдобрите и најголемите производители во индустрија во светски рамки.
Главен предизвик со презентацијата на „Wire Dusseldorf“ е токму очекувањето за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство во наредните четири години.