Автоматска линија за електростатско прашкасто фарбање со хемиска подготовка на материјалот што се фарба, роботски раце за нанесување на бојата, тунелска печка за печење на бојата со комплетно PLC управување на процесот и движење на материјалите и сите останати процеси. Линијата е проточна во постојано контролирано и регулирано движење. Линијата гарантира максимален квалитет за заштита на површините кои ги задоволуваат највисоките стандарди за медицинска опрема и автомобилска индустрија.
Полуавтоматска фарбара за електростатско прашкасто фарбање со големи димензии која има хемиска подготовка на материјалот ,комора за фарбање и печка за печење на бојата.Оваа фарбара е погодна за површинска заштита на делови со димензии 6000 mm x 2500mm x 2000mm и тежина до 3000 kg.
Комора за фарбање и печење со течни бои со димензии 4000 mm x 3000mm x 3000mm.
Денес БРАКО е современа компанија во металопреработувачката индустрија со повеќе од 600 вработени и производствен капацитет од 40.000 тони челичен материјал годишно.