Се зголемува интересот за возилата на Брако на северно- американскиот континент. Најновата пратка се состои од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м3 современ и ефикасен систем за редукција на издувни гасови.
Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која се претставија и возилата на Брако. Околу 500 посетители на конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната американска држава покажаа голем интерес за електричните модели на Брако, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.