„Со реален оптимизам и верување , очекувам да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот.Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“,„Брако“ и „Грин Машинс“,би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии со што би можеле да ги зацврстиме нашите позиции на пазарите каде што сме веќе етаблирани како и обид да се пласираме на нови пазари.Тоа значи да бидеме поприсутни со еколошки се поатрактивните „грин машинс“на светските пазари и досегашниот извоз во 42 држави да доживее уште поголема експанзија со што ќе продолжиме да бидеме меѓу најголемите извозници во државава.
Нашата Групација континуирано инвестира во обновливи извори за производство на електрична енергија и покрај 25-те МХЕ кои се пуштени се инвестира во биогас и фотоволтаици.
Очекувам ,годинешната бројка од 140 нови вработувања повторно да ја достигнеме и надминеме како и инвестицијата од 8,5 милиони евра.
Наредната година , со активната застапеност на водечките саеми во Западна Европа имаме за цел да се пробиеме и на силно конкурентскиот западноевропски пазар што имплицира исполнување на строги критериуми за квалитет.“