Над 70 жени во БРАКО се вклучени во процесите на планирање, проектирање, набавки, продажба, производство, финансии, монтажа и администрација.
Раководството на компанијата, честитајќи го Меѓународниот ден на жената упати голема благодарност до сите жени вработени во фабриката и искажа задоволство од нивната ангажираност и посветеност.
Жените во индустријата се неопходност и реалност, одлично се организирани, извршителни и упорни, тие се клучен дел од успесите на БРАКО на домашниот и на меѓународните пазари, се заклучи на денешната средба, на која беа доделени и дизајнирани марами за сите жени, како гест на благодарност за нивните напори.