„Брако“ го освојува пазарот во Швајцарија со машините за додавање лим на CNC ласери

Брзиот развој на ласерската технологија и индустриската употреба на CNC машините (Computer Numerical Control) ја зголеми потребата од машини кои го автоматизираат производствениот процес. Речиси и да не постои современ машински парк без машини за додавање лимови на CNC ласери. Станува збор за машини кои го автоматизираат процесот на ласерско сечење на лим. Тие го […]

„Грин машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција

И оваа година, успешен старт на „Грин машинс“ од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини, веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин машинс“. Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин машинс“ преку овие возила ја промовира […]

Високите критериуми на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во основата на бизнис – стратегијата на „Брако“

Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO). „Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и долгорочно ги исполнува […]

„БРАКО“ – ПАРТНЕР ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Компанијата создава кадар за современо машинство

По завршувањето на средното образование се отвора можност овие кадри да бидат вработени и директно вклучени во производствени технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини. „Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за […]

„БРАКО“ ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

  Претставници на „Брако“ во име на здравствената грижа за заедницата, овој пат за најмладите пациенти, донираа медицинска опрема наменета токму за детското одделение при Општата болница во Велес, со цел обезбедување квалитетна и навремена здравствена грижа за децата-пациенти. На главната сестра на детското одделение во велешката болница, Олгица Пепелашева и беа предадени за употреба […]

Што очекувате од 2022 година?

„Со реален оптимизам и верување , очекувам да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот.Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“,„Брако“ и „Грин Машинс“,би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии со што би можеле […]

„Брако“ донираше медицински помагала на децата во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Претставници на компанијата „Брако” донираа медицински помагала и поделија новогодишни пакетчиња на 35 деца кои престојуваат во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Основното училиште „Киро Глигоров” во Скопје. На Дневниот центар му беа предадени на користење три медицински помагала за лица со инвалидитет кои што се дел од медицинската производствена програма на […]

„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

И покрај глобалните предизвици кои ги донесе COVID пандемијата „Брако“ останува стабилен економски фактор во македонската економија континуирано соработувајќи со повеќе од 650 македонски компании како добавувачи на репроматеријали и услуги. Во период на нарушено функционирање на синџирот „снабдување – производство“, „Брако“ е  сигурна и неопходна алка во истиот и тоа во услови кога многу […]

Во погоните на велешки „Брако“ произведено ново иновативно возило од брендот „Green Machines“

Произведено комплетно во погоните на „Брако“ во Велес од инженерските тимови на компанијата, неделава пред светот беше презентирано најновото возило од брендот „Green Machines“. Новиот GM400ze е целосно електрично возило со револуционерни функционалности кои што дополнително придонесуваат кон остварување на еколошката агенда на брендот и компанијата. „Деновиве, серијата 400, се збогати со ново, целосно електрично […]

Интервју со Никола Маркоски за порталот „Опсервер“ Директор на одделот за „Истражување и развој“ во „Брако“ од Велес

Никола Маркоски : Од студиите во Минхен и Москва до најмлад директор во „Брако“ : Имаме капацитет да се натпреваруваме со европските земји во областа на инженерството и иновациите „Брако“ , преку соработката со Машински Факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, директно ја поддржува македонската наука преку примена на истата. Во секторот […]