Болничка наткасна
Наткасната е производ наменет за користење во болничките соби. Работната површина е изработена од оплеменета иверка. Сите елементи на болничката наткасна се модуларни така што на истата можат да се постават фиоки со различни димензии по висина или шкаф со фиока. Болничка наткасна изработена од ладновалан лим.Поделена е на два дела. Во горниот дел е фиоката а во долниот дел е вратата.Горната површина е од пластика. Лесна е за чистење и одржување. Наткасната е поставена на тркала со дијаметар од 50мм, со вкрстен систем на кочење. Конструкцијата е заштитена со прашкаста боја нанесена по електростатска постапка. Бојата на рамката на конструкцијата и на фиоките може да се избере од палетата на бои.