Количка за инструменти

Количката за инструменти се користи за чување и превоз на различни типови инструменти или друг ситен медицински прибор. Таа се состои од рамка изработена од челични профили, полици и фиоки од челичен лим. Целата конструкција е модуларна така што може да се комбинира бројот и димензијата на елементите зависно од желбата на корисникот. Количката е поставена на четири тркала од кои две се со кочница. Бојата на челичната конструкција и полиците на количката за инструменти може да се избира од палетата на бои.

Дополнителни информации

Тежина 43.5 кг
Димензии 100.5 × 45 × 83 cm